Нацистите можеле да пукаат под агол

Ова оружје наречено „Krummlauf“ е совршен пример за опсесијата на Германија со тајни оружја за пресврт на Втората светска војна, што всушност имало и негативни аспекти поради пренасочувањето на клучни ресурси за необични цели.

Се работи за „MP-44“ пушка на која е прицврстено буренце за да им се овозможи на војниците да пукаат преку пречки без да се изложат себеси на противничкиот оган. Ова е интересна идеја, но со сигурност не би го сменила исходот на војната.

Развојот на „Krummlauf“ започнал во 1943 кога кога биле направени првичните тестирања со заоблено 20 мм буренце прикачено на 8 мм пушка. Идејата била буренцето да се искористи за да се пренасочи куршумот. Најпрво се претпоставувало дека буренце со исти дијаметар како и куршумот би предизвикало преголем притисок и триење за сето тоа да функционира, но подоцна се покажало дека буренцето со стандарден дијаметар функционира најдобро.

gallery-1468351993-krummlauf2Биле направени две верзии од ова оружје. Кај едната буренцето било навалено за 30 степени и била наменета за пешадијата, додека другата била навалена за 90 степени и била наменета за монтирање во оклопните возила кои биле дизајнирани на тој начин за пушката да стои во вертикална положба за да зафаќа минимален простор. Преку отвор во возилото пушката се вадела надвор и можела да се врти наоколу за подобро да се пука во непријателите кои се проближуваат до возилото. Примери од овие две верзии се наоѓаат во музејот Кобленц во Германија.

gallery-1468352108-krummlauf31468352890-krummlauf-1По војната, кога Американската војска го тестирала ова оружје, покажала дека куршумот се крши на половина кога се испукува преку овој уред, што значи дека е корисен само за многу блиски мети, што и не претставува проблем со оглед на тоа дека всушност оружјето било наменето за блиски мети. Американците направиле неколку дупки во правиот дел од буренцето за да го олеснат притисокот што се создава кога куршумот влегува во закривениот дел, но сепак ова оружје имало многу краток животен век.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.