Постоењето или непостоењето на Дедо Мраз со помош на научни методи ако ништо друго е забавно. Во духот на новогодишните празници напоменуваме дека текстот се базира само на класични физички пресметки и дека не се земени предвид футуристички претпоставки како можноста за патување низ времето.
Во светот постојат околу 2 милијарди деца (лица под 18 години). Сепак, бидејќи Дедо Мраз не ги посетува муслиманите, хиндусите, евреите и будистите, обемот на работа му се смалува за 15%, односно севкупно 378 милиони деца (според заводот за статистика на населението). Според просекот од 3,5 деца по семејство, Дедо Мраз мора да посети 108 милиони домови, ако претпоставиме дека во секој дом постои барем по едно послушно дете.
Дедо Мраз има околу 31 час работа за Божиќ благодарение на различните временски зони и Земјината ротација и под претпоставка дека патува од исток кон запад. Така добиваме пресметка дека Дедо Мраз посетува 967,7 семејства во секунда.
Според тоа за секој дом со послушно дете Дедо Мраз има една секунда од 1000 да ги запре санките, да слезе од нив, да ги земе подароците, да скокне во оџакот, да ги наполни чорапите, да ја најде елката и ги остави подароците под неа, па повторно да помине низ оџакот, да се качи на санките и да дојде до следниот дом.
Под претпоставка дека сите 108 милиони станици се рамномерно распределени по Земјата (само за потребите на нашите пресметки), зборуваме за 1,24 километри поминати во дадено време, не вклучувајќи ги потребите на Дедо Мраз за тоалет и храна.
Од наведеното, произлегува дека брзината на санките е околу 1080 км. во секунда или 3200 пати поголема од брзината на звукот. За споредба, најбрзото возило кое е направено е вселенската сонда Одисеј која се движи 45 км. во секунда или 162.000 километри на час, а нормален елен, најмногу 24 км. на час односно 0.0066 км. во секунда.
Тежината на санката, исто така е доста интересен елемент. Да претпоставиме дека секое дете не добива повеќе од една кутија Лего коцки со средна големина околу 860 грама. Тогаш вкупната тежина на товарот на санките е нешто поголема од 500.000 тони.
Нормален ирвас од друга страна, не може да влече повеќе од 138 кг. Ако претпоставиме дека летечкиот ирвас може да влече 10 пати повеќе, на Дедо Мраз би му требале околу 360.000 летечки ирваси за да ги повлечат санките. Тежината на големиот број ирваси ја зголемува вкупната тежина на санките за 54.000 тони.
Патувањето со околу 600.000 тони, и брзина од 1080 км/ч создава огромен воздушен отпор. Таквиот отпор би ги загреал ирвасите со иста јачина како што се загрева вселенски брод кој повторно влегува во Земјината атмосфера. Челниот пар на ирваси би апсорбирал околу 14,3 квинтилијарди џули енергија во секунда. Накратко, предниот пар од ирвасите би се претворил во најубавата глетка на живи факели, изложувајќи ги ирвасите кои се позади нив на верижна реакција, во која сите 360 илјади би изгореле за околу 4,26 илјадити дел од секундата, односно точно на време додека Дедо Мраз дојде до петтиот дом од својот пат.
Дедо Мраз, како резултат на забрзувањето од 0 до 1080 км во секунда, и неговата тежина околу 115 килограми, би го пронашле прикован на крајот од неговите санки со 1.984.906,9 килограми тежина, која во истиот момент ќе му ги сомеле коските и органите, претворајќи ги во пурпурно – црвеникава течност.
Според тоа, доколку Дедо Мраз некогаш воопшто постоел, сигурно немало толку многу луѓе на планетата.