Јоханес Кеплер е германски математичар, астроном и астролог и клучна фигура во астрономската револуција на 17 век. Роден е на 27 декември 1571 година, во Слободниот Империјалистички град Вајл дер Штат.
Неговиот дедо, Себалд Кеплер, бил градоначалник на градот, но во времето кога Јоханес се родил, тој имал двајца браќа и една сестра и богатството на фамилијата пропаѓало. Неговиот татко, Хенрих Кеплер, го напуштил семејството кога Јоханес имал пет години. Се верува дека починал во Осумгодишната војна во Холандија. Неговата мајка Катарина Гулденман била лекар и хербалист.
Бидејќи бил предвремено роден, Јоханес како дете бил слаб и болежлив. И покрај лошото здравје, често ги импресирал посетувачите на градот со неговите феноменaлни математички способности.
Тој се запознал со астрономијата уште во раното детство, и тогаш се развила љубовта кон неа која ќе се протега низ целиот негов живот. На шест години, тој ја набљудувал Големата комета во 1577 година, пишувајќи дека ‚‚мајка му го однела на високо место за да ја гледа‘‘. На девет години, тој набљудувал друг астрономски настан, затемнување на месечината во 1580 година. Детските сипаници го оставиле со слаб вид и сакати раце, ограничувајќи ја неговата можност за набљудување на аспекти од астрономијата.
Во 1589 година, по завршувањето на школо за граматика, школо за латински јазик и Евангелиски семинари во Мелбурн и Блаусберн, Кеплер заминал на Универзитетот во Тибинген. Таму, тој посетувал предавања кај Витус Милер и теологија кај Јакоб Хербранд. Докажал дека е одличен математичар и заработил репутација како вешт астролог. Со помош на инструкциите на Мишел Маестлин, професор по математика на факултетот во Тибинген од 1583 до 1631 година, тој го научил Системот на Птоломеј и Системот на Коперник за движење на планетите. Тој станал Коперник на тоа време. Во една студентска дебата, тој го бранел хелиоцентризмот од теориски и теолошки перспективи, подржувајќи ги теориите дека Сонцето е примарниот извор на движечката сила во Универзумот.
И покрај желбата да стане министер, при завршувањето на студиите Кеплер бил предложен да биде професор по математика и астрономија во Протестантското училиште во Грац (подоцна Универзитет во Грац). Тој го прифатил ова работно место во април 1594 година, на 23 годишна возраст.
Тој е најпознат по неговите закони за планетарно движење, кодифицирани од други астрономи според основата на неговите дела „Нова астрономија“, „Хармонии на светот“ и „Епитом на Коперниковата астрономија“.
Пред Кеплер, планетарните орбити били пресметувани преку комбинации на кружните движења на небесни сфери. По Кеплер, астрономите го смениле своето внимание кон орбитите – патишта кои можат математички да се претстават како елипси. Кеплеровите закони исто така овозможиле една од основите на теоријата на Исак Њутн за универзална гравитација.
За време на неговата кариера, Кеплер бил учител по математика во семинарско училиште во Грац, Австрија, асистент на астрономот Тихо Брахе, дворскиот математичар на императорот Рудолф II; математичар во Линц, Австрија и советник на генералот Алберт фон Валенштајн. Тој исто така извршил голем придонес на полето на оптиката, измислил подобрена верзија на рефрактирачкиот телескоп (Кеплеров телескоп) и помогнал да се легитемизираат телескопските пронајдоци на уште еден научник од неговата генерација, Галилео Галилеј.
Кеплер живеел во доба каде немала јасна граница меѓу астрономијата и астрологијата, но имало голема поделеност на астрономијата на две гранки -математичка и физичка (гранка на попрестижната дисциплина природонаука).
Кеплер вовел и религиозни аргументи и појаснувања во неговите дела, мотивиран од религиозната осуда дека Бог го создал светот со интелигентен план кој е прифатлив преку природната светлина на разумот. Кеплер ја опишал неговара нова астрономија како „небесна физика“, како „екскурзија во аристотеловата Метафизика“, како „додаток на делото „За небото“, исто така на Аристотел, трансформирајќи ја античката традициjа за физичка космологија со третирањето на математиката како дел од универзалната математичка физика.
Починал на 15 ноември 1630 година. Денес, мисијата Кеплер на Наса, го носи неговото име.