Научниците збунети: Земјотрес од 5,8 степени што никој не го почувствува!?

Необичните сеизмички бранови кои што неодамна беа регистрирани од повеќе светски сеизмички станици се уште ги збунуваат научниците. Иако се измерени скоро на целата Земјина топка, нивната магнитуда од 8,5 степени по Рихтер никој не ја почувствува. „Нешнал џиографик“ ги опишува како „мистериозен татнеж“ кој најпрвин се појавил кај францускиот остров Мајо, лоциран меѓу Африка и Мадагаскар.

„Немам видено ништо слично. Сепак, не мора да значи дека причината е премногу чудна“, изјавил Јеран Екстрем, сеизмолог од универзитетот Колумбија.

Земјотресите произведуваат сеизмички бранови кои се движат по површината на Земјата или низ неа, но секогаш се знае нивниот епицентар и од што биле предизвикани. Вибрациите што се случила на 11 ноември засега немаат објаснива причина. Сеизмологот Екстрем објаснува дека во тој момент целата земјина топка вибрирала како ѕвоно, емитувајќи бранови со ниска фрекфенција.

Засега сеизмолозите имаат мислење дека можеби се работи за создавање на нов вулкан во регионот на островот Мајо и оти вибрациите ги предизвикало подземното движење на лавата.

Извор: Алсат М

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.