Ни Сахара не остана имуна на климатските промени

СПОДЕЛИ

Анализирајќи ги податоците кои биле собирани дури од 1923 година, научниот тим во студијата ги анализирал влијанијата на различни фактори кои придонесуваат за количината на дождови на пустината Сахара која што моментално зазема површина голема колку и САД, а откриле дека пустината се зголемила за дури 10% до денес.

Студијата е објавена во списанието Journal of Climate.

Овие откритија имаат импликации за оние кои живеат на граничната област од Сахара, наречена Сахел, но научниците забележале дека дезертификацијата под влијание на климатските промени не е феномен кој е својствен само за Сахара.

“Овие резултати се специфични само за Сахара, но тие најверојатно имаат последици и за другите пустини во светот” – вели проф. Сумант Нигам, коавтор на студијата од Универзитетот во Мериленд (УМД).

Додека светската популација продолжува да расте, луѓето кои живеат на граничната област на Сахара не можат дозволат губење на ниту најмал дел од ретката плодна и обработлива почва која што е опкружена од песок.

Со цел да ги одвојат ефектите од климатските промени, научниците користеле статистички методи за елиминирање на ефектите од природните климатски циклуси, како што е Атлантската повеќедекадна осцилација и нејзиното влијание на варијабилноста на врнежите.

Резултатите ја открваат комбинацијата од природни циклуси и климатски промени предизвикани од човекот, кои го предизвикуваа овој ефект во текот на минатиот век, со тоа што климатските промени се самите одговорни за една третина од зголемувањето на пустината.

“Жешките летни трендови, кои стануваат уште потопли со скоро никакви дождовни сезони во Африка, се поврзани со факторите кои вклучуваат зголемување на емисиите на стакленички гасови и аеросоли во атмосферата”, вели Д-р. Минг Каи, шеф на Националната фондација за наука, која ја финансира оваа студија.

Тие трендови имаат катастрофален ефект врз животот на африканскиот народ кој зависи од земјоделие.

“Со оваа студија нашиот приоритет беше да ги документираме долгорочните трендови во врнежите и температурата во Сахара. Нашиот следен чекор ќе биде да разгледаме што ги води овие трендови, за Сахара и за други места” – вели експертот Натали Томас.

“Тимот веќе започна со истражување на трендовите на сезонски температури во северна Америка, каде зимите се се потопли, а летата исти”, објаснува Томас.

Во Африка пак, се чини дека ситуацијата е спротивна. Зимите се стабилни, но летата се секоја година потопли.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------