Модерното општество секој ден создава повеќе од милијарда гигабајти нови податоци. За да може да се складират што повеќе од овие податоци, многу е важно секој поединечен бит да зазема што е можно помалку простор. Тим од научници од Универзитетот Делфт, успеале ова намалување да го сведат до крајни граници. Тие развиле досега физички најмал хард диск кој има капацитет за скаладирање од 80 терабајти. Тоа е 500 пати повеќе од најдобрите комерцијални хард дискови што се достапни денес, а секој бит се состои од само еден атом на хлор.
Атомите од хлор се поставени на површина од бакарни атоми, при што секој атом од хлорот може да биде во две позиции. Атомите се читаат и се поместуваат со т.н. скенирачки тунелен микроскоп, којшто со помош на многу тенки игли врши скенирање на атомите еден по еден.
„Теоретски, со овој капацитет би можеле да ги складираме сите книги што човештвото досега ги има напишано на една поштенска марка“- вели водачот на истражувачкиот тим Сандер Оте.
Засега, овој минијатурен хард диск нема да биде комерцијално достапен. Според Оте, во својата сегашна форма меморијата може да функционира само во многу чиста вакуум средина и на температура од -196 степени Целзиусови.
Истражувањето е објавено во „Nature Nanotechnology“.