Научниците открија „езеро“ во Мексичкиот залив. Секој кој ќе влезе во тој базен на дното од морето, завршува лошо.
Езерото го истражил Ерик Кортез, вонреден професор на Универзитетот Темпл, а наодите се објавени во „Oceanography“.
Водата во ова „езеро во море“ е пет пати посолена од водата што го опкружува. Исто така содржи високо токсични концентрации од метан и водород сулфид, па затоа не може да се меша со околното море.
За животните (и луѓето) што ќе влезат внатре, овие токсични концентрации можат да бидат смртоносни. Единствено бактерии, цевчести црви и ракчиња можат да преживеат во вакви услови.
За научниците, ова езеро е како полигон за нивните истражувања.Тие можат да истражуваат на кој начин одредени организми успеваат да преживеат во екстремни средини.
„Многумина гледаат на ваквите екстремни средини на Земјата како модел за тоа што би можеле да откриеме кога ќе одиме на други планети“- вели Кортез за „Seeker“.
Текстот е објавен во „Business Insider“.