Научниците откриле таложење на магма под површината на еден град во Нов Зеланд

Научниците откриле дека под еден град на Северниот остров на Нов Зеланд се собира магма и велат дека тоа би можело да сигнализира создавање на сосема нов вулкан.

Уште од 1950 година истражувачите известуваат дека под површината на приморскиот град Матата, што се наоѓа на оддалеченост од 200 км. југоисточно од Окленд, се таложи  магма со количина која е доволна да наполни 80.000 олимписки базени, што го потиснало копното нагоре за 40 сантиметри.

Добрата вест е што истражувачите не предвидуваат ерупција на вулканот во скоро време, бидејќи за да се формираат вулканите потреби се илјадници години, а овој е сѐ уште во рана фаза. Но, ова откритие може да ја објасни неоданешната серија од земјотреси во тој регион, како и да овозможи сосема нов увид за тоа како се формираат вулканите.

Вакви резултати не биле очекувани, бидејќи во близина на градот немало активни вулкани најмалку 400.000 години и е надвор од сите активни вулкански региони.

Во Матата живеат околу 650 жители, а вниманието на геолозите го привлече необично високата земјотресна активност во последната деценија.

Тие оцениле дека ова се должи на интересните активности на тектонските плочи, но после мапирањето на геолошките промени во областа во текот на 60 години, истражувњето покажало дека тие најверојатно се предизвикани од притисокот и кршењето на карпите што го прави магмата додека се таложи под тој регион.

Научниците пресметале дека базенот од магма сѐ уште се наоѓа на 9,5 километри под површината, така што не постои опасност од ерупција во блиска иднина. Дури може и воопшто да не се претвори во вулкан, туку наместо тоа магмата може да се олади и да се стврдне. Сепак, следењето на активностите во текот на следната деценија значително ќе придонесе подобро да се разбере како функционира тој процес.

Може да ја погледнете оваа илустрација на тоа што предвидуваат научниците дека се случува.

5752a169f2305

Ова е особено интересно за научниците со оглед на тоа дека градот се наоѓа на самата периферија на вулканската зона Таупо – една од најактивните вулкански области во светот.

За да откријат што се случува под површината, користени се голем број сателити за детално скенирање на промените во регионот уште од 1950 година.

Покрај редовните ГПС-мапирања, научниците користеле и посебен систем на радар наречен „InSAR“ што им овозможило да ги одредат сантиметарските промени во височината.

Со помош на овие податоци истражувачите откриле дека земјиштето во областа, со површина од околу 400 километри квадратни, се подигнало за 40 сантиметри од 1950 година. Ова издигнување се одвивало особено брзо во периодот од 2004 до 2011 година, што коинцидира со серијата илјадници мали земјотреси во регионот.

Научниците се надеваат дека ова не само што ќе им помогне подобро да разберат како се формираат вулканите, туку и да креираат подобар систем за предупредување од идни земјотреси што се поттикнати од магма.

Иако истражувачите се прилично сигурни во  добиените резулти, половина од зафатената област се наоѓа надвор од брегот, што значи дека не можеле да ги скенираат промените во нивото на таа површина, така што морале да ги примент резултатите добиени од копнениот регион и на таа област, што значи дека постои можност за грешка.

Наодите од истражувањето се објавени во „Science Advances“.

Поддржете ја нашата работа: