Научниците предупредуваат за ризикот од маратонското трчање

Маратонот може да биде штетен за здравјето, предупредуваат научниците, откако едно истражување покажало дека повеќе од 80 проценти од учесниците доживуваат некаков вид на оштетување на бубрезите поради дехидратацијата.

Резултатите се објавени во списанието „American Journal of Kidney Diseases“, во пресрет на маратонот во Лондон кој се одржува во април, а за кој се подготвуваат стотици луѓе.

Досегашните истражувања покажале дека исклучително напорните активности-како што се воените обуки на повисоки температури  може да ги оштети бубрезите, но за ефектите од трчањето маратон немало податоци.

Тим од истражувачи предводени од професорот Чираг Парик на  Универзитетот Јеил во САД направиле истражување на мала група учесници на маратонот во Хартфорд во 2015 година.

Од учениците биле земени крв и урина пред и после маратонот и била извршена анализа на различи маркери поврзани со оштетувања на бубрезите, меѓу кои нивото на серумси креатинин, протеини во урина, бубрежни клетки и сл.

Кај 82 проценти од испитаниците, набрзо после трката,  истражувачите констатирале прва фаза на акутна бубрежна инсуфициенција – состојба при која бубрезите не ги филтрираат отпадните материи до крвта.

„Бубрезите одговараат на физичкиот стрес од маратонското трчањето  како да се повредени, слично на она што им се случува на хоспитализираните пациенти кога бубрезите се под влијание на  медицински или хируршки компликации“вели професорот Парик.

Истражувачите истакнуваат дека потенцијални причини за оштетување на бубрезите во текот на маратонот можат да бидат константниот пораст на телесната температура, дехидратацијата или намалениот проток на крв во бубрезите кои се јавуваат за време на маратонот.

Иако состојбата на бубрезите се нормализирала во рок од  два дена после маратонот, истражувачите нагласуваат дека ова истражување го покренува прашањето за ефектите од повторувачките напорни активности особено во топлите краеви.

„Потребно е ова дополнително да се истражува“ – додава Парик. Истражувањата покажале исто така и промени во функцијата на срцето поврзани со маратонското трчање. „Нашето истражување се надоврзува на целата приказна – дури и бубрезите реагираат на стресот поврзан со маратнското трчање“ – додава Парик.

 

Поддржете ја нашата работа: