Во средата започнаа едукативните работилници за деца на тема „Со здрави навики до здрави бубрези“. Организатор на овие работилници е Здружението на бубрежно болни граѓани  „Нефрон“, кое, во соработка со „Ladna“, во оваа, прва, фаза од проектот, ќе се погрижи сите ученици од трето одделение од општините Центар, Чаир и Аеродром да добијат соодветна едукација за здрави навики кои ќе придонесат за зачувување на здравјето на бубрезите.

На овие работилници децата ќе имаат можност преку интерактивна презентација да се запознаат со функцијата и важноста на бубрезите за целокупното здравје на човекот, со ризиците од бубрежните заболувања, а ќе добијат и совети за превенција од заболувања. Секое дете ќе добие едукативна боенка поврзана со тематиката на работилницата, боички и шишенце „Ладна“ вода.

Планирано е работилниците во овие три општини да се  одржуваат до крајот на годината, со што ќе се заокружи првата фаза од активностите на овој проект.

„Многу малку треба да направиме за да ги зачуваме здрави нашите бубрези. Треба да не се јаде солена храна и храна која содржи многу шеќери, да не се пијат газирани пијалаци, да се јаде многу овошје и зеленчук и да се пие многу вода. Треба да се спортува, да се вежба и да не се пушат цигари. Од исклучително значење е зголемување на свесноста на децата за овие совети уште од најрана возраст“ – велат од здружението „Нефрон“.

ladna-i-nefron-1

Бидејќи пиењето вода е од суштинско значење за здравјето на бубрезите, поддршката на ваквите настани е директно поврзанa со мисијата на Ladna. За сите заеднички активности, како и за распоредот на работилниците и за текот на проектот, повеќе информации ќе можете да најдете на Фејсбук-страницата на „Ladna“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.