Слабеењето ја подобрува функцијата на бубрезите

Хируршкото отстранување на вишокот килограми, или „bariatric“ хирургијата, е многу ефективна за брзо губење на тежината кај пациенти со драстична дебелина, кои имаат значително зголемен ризик за оштетување на бубрезите. Бидејќи ефектот на „bariatric“ хирургијата  врз функцијата на бубрезите е непознат, д-р Алекс Чанг и неговите колеги го испитувале здравјето на бубрезите на пациенти кои биле подложени на „bariatric“ хируршка интервенција.

Вкупно 3 134 учесници биле следени во текот на просечно 2,4 години. Една година по „bariatric“ интервенцијата, просечната тежина  е намалена од  130.1 кг на 90.9 кг, просечниот индекс на телесна маса е намален од 46.8 на 32.6 кг / м2, а просечната функцијата на бубрезите (се проценува гломеруларната филтрација, или eGFR)  е зголемена од 94.8 на 99.1 мл / мин / 1.73 м2.

Секои губење на тежината за 5 кг. е поврзано  со 0.50 мл / мин / 1.73 м2 зголемување на еGFR. Врската помеѓу губењето на тежината и зголемувањето на eGFR била посилна кај оние пациенти со хронична бубрежна болест на почетокот на истражувањето.

Во подгрупа од 108 пациенти кои на почетокот на истражувањето имале албуминурија, или екскреција на протеини во урината (маркер за неправилно функционирање на бубрезите), научниците забележале дека со губењето на тежината се изгубила и албуминуријата.

Д-р Чанг истакнал дека сегашниот клинички стандард за мерење на функцијата на бубрезите – креатинoт, е под влијание на мускулната маса, која може да се промени со драстично губење на тежината. Потребни се дополнителни истражувања со употреба на други маркери за функцијата на бубрезите, за да се потврдaт наодите од истражувањето и да се испита ефектот од губењето на тежината врз долгорочните функции на бубрезите.

На крајот, авторите ја акцентираат важноста на здравиот начин на живот, како превентивна мерка за дебелината и спречување на хронична бубрежна болест.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: