Научниците го направија првиот нацрт за квантен комјутер, кој би можел да доведе до технолошка револуција, која по својата големина би можела да се мери со пронаоѓањето на самиот компјутер- пишува „Independent“
До сега квантните компјутери имаа само мал дел од можностите што теоретски би можеле да ги достигнат. Меѓутоа, тим од експерти тврди дека ги надминале главните технички проблеми и направиле нацрт за најмоќната машина – неколку милиони пати побрза од сите што моментално постојат, која би можела да биде достапна за околу десет години.
Професорот Винфирд Хенсингер, кој се наоѓа на чело на Групата за јонско-квантна технологија на Унверзитетот во Сасекс и водач на истражувањето вели дека „ова претставува Светиот грал на науката“.
„Сега ги поврзуваме сите делови од планот на конструкцијата, со цел да направие голем квантен компјутер. Со негова помош ќе може да да правиме работи за кои порано не сме ни сонувале“– вели тој.
Проблемот со постоечките квантни комјутери е што бараат прецизно фокусирање на ласерите на поединечните атоми. Колку што е комјутерот поголем, потребни се повеќе ласери и поголеми се шансите нешто да не е во ред. Меѓутоа, Хенсингер и неговите колеги користеле различна техника за следење на атомите, вклучувајќи и поле на микробранови и електрицитет, во уред кој е опишан како „стапица за јони“.
Научниците најавуваат дека прототипот од овој уред ќе биде готов за две години.