Науката зад убиствата во „Игра на тронови“

Секако, нема потреба од дополнителни објаснувања, повеќето сте фанови. Значи, тие навистина не се шегуваат кога велат дека „сите мора да умрат“. Од изгорени живи луѓе од страна на змејови па се до кршење човечки череп со голи раце, шоуто е брутално и крваво оставајќи не во шок. Но, дали овие смртни случаи  се можни само во царството на фантазијата, или тие се научно уверливи?

„Џорџ РР Мартин секогаш се обидувал да ја втемели својата фантазија во некој вид на реалност, така што настаните во голем дел се конзистентни со науката”, вели Јан Симонс, директор на Одделот за научни комуникации во Центарот за живот во Њукасл.

Симонс и комичарката Хелен Кин ја анализираат Игра на тронови од научен аспект  во посебно овластено шоу. Издвојуваме неколку убиства, за кои веруваме дека се’ уште ги паметите.

За оние кои не можат да се сетат на многу смртни случаи во шоуто, проверете го овој неверојатен графички приказ од Вашингтон пост на сите 456 смртни случаи од првите четири сезони.

Златната круна на Висерис

Висерис Тајгериан , суровиот постар брат на Дејнерис, решава да седне на Железниот Престол и и да биде крал. Наместо тоа, иронично, тој беше крунисан со стопено злато. На повеќето ни беше сеедно, па не се задлабочувавме во неговата смрт.

Сепак, златото има точка на топење од 2.000 степени Целзиусови, па малку е веројатно дека камперски оган може да ја достигне потребната температура. Оловото или позлатените легури се топат на пониски температури.

Интересно, јас не пронајдов историски запис за некој кој е убиен на овој начин, но неколку луѓе биле убиени со истурање на стопено злато низ грлата“, вели Симонс. Најпознати се римскиот император Валеријан постариот, кој бил заробен од страна на персискиот цар Шапур I по битката на Воден. Шапур го користел неколку години како живо чергиче, а потоа го убил со истурање на стопено злато надолу низ грлото.

За да се види дали стопеното злато ќе ги разнесе внатрешните органи, и да се утврди причината за смрт,  во 2003 година е извршен експеримент со истурање на  врело олово во гркланот на мртви крави. Настанала  експлозија на пареа која буквално ги распукала внатрешните органи. Потоа златото навлегува во мускулите, ги гори и се зацврстува во рок од 10 секунди.

Значи, доколку пареата или шокот од болката не ве убијат веднаш, ќе се задушите од блокадата на гркланот“, заклучува Симонс.

Огнените топки

На крајот од втората сезона, ги гледавме војниците на Станис како  горат живи. Тајрон им праќа брод полн со „огнени топки“ за време на битката на Црната Река. Тие беа направени од алхемичарите и продолжуваа да горат во вода. Ефектот врз луѓето е апсолутно грозен.

„Византиската империја имала една супстанција наречена „грчки оган“ налик огнениве топки на Ланистер”,  вели Симонс.

Грчкиот оган се користел во текот на византиските граѓански војни и никој не знае од што точно бил направен.

Формулата била добро чувана државна тајна, иако најверојатно се работи за минерално масло-есенцијален бензин измешан со смола за да добие цврстина. Еквивалента модерна супстанција ќе биде напалм“, објаснува Симонс.

Мајката на змејовите

Потоа, неколку луѓе беа запалени од змејовите на Дејнерис. Да појасниме, змејовите се целосно измислени и немаат врска со научна позадина.  Интересно е што змејовите имаат четири, а не шест екстремитети.

„Иако во реалноста не постојат змејови, Бомбардер Буба е во состојба да произведе жешка мешавина од хидроген пероксид и хидрохинон“, вели Симонс.

Животните всушност потенцијално може да ги произведат сите компонентни потребни за оган: Кравите произведуваат огромни количини на запалив метан, како и електричните јагули и нивните електрични набои во мускулните клетки. Теоретски, со одредени модификации, животните би можеле да вдишуваат и издишуваат оган.

Фактот дека досега со еволуцијата оваа способност не е развиена, укажува дека е бескорисна.

Пурпурната свадба

Свадбите во „Игра на тронови“ имаат тенденција да бидат опасен настан. Покрај „Црвената свадба“, која се’ уште ја преболуваме, тука е и долгоочекуваната „Пурпурна свадба“.

Џофри падна на колена во истиот момент кога проголта прилично непријатен отров наречен „странглер“ (задушувач).  Што мислите, дали овој отров со брзо дејство и моќ навистина постоел?

Дебора Блум, професор по новинарство на Универзитетот во Висконсин и автор на прирачник за отрови, смета дека цијанидот најмногу се поклопува.  Исто како странглерот, цијанидот доаѓа од растенија.

Можете да го добиете од семките на кајсија и цреша. Само 0,2 гр се доволни за да ве убијат брзо. Објаснува голем дел од симптомите на Џофри, освен крварењето на очите.

Черепот на Оберин

Трошката надеж која сите ја имавме во текот на борбата меѓу Планината и Оберин се распрска брзо, заедно со черепот на Оберин. Експертите се согласуваат  дека е невозможно дури и најсилниот човек да го скрши черепот со користење на копресија и сила во кој било дел на черепот.

Поддржете ја нашата работа: