Претходно се појави во август 2012 година, а следната се очекува на 31-ви јануари во 2018 година. Во просек се појавува на секои 2,5 години.
Ова се случува бидејќи нашиот календар не е совршено усогласен со лунарните месеци.
Иако Месечината не е навистина сина, името го добила поради катаклизмична вулканска ерупција која се случила во ноќ со „Сина Месечина”, односно Месечината посинила од честичките на вулканска пепел во атмосферата.
Кога индонезискиот вулкан Кракатау избил во 1883 година, исфрлил толку многу пепел во воздухот, па Месечината имала сини нијанси со години. Научниците ја споредиле ерупцијата со нуклеарна експлозија од 100 мегатони моќност.
Последен пат навистина е видена „Сина Месечина” во Единбург во 1950 година, кога астрономот Роберт Вилсон констатирал дека сината боја се должи на облак од чад што ја прекршил светлината. Чадот пак, бил предизвикан од шумски пожари во Канада.
Што се однесува на денешната, веќе е изгреана во 12 часот и 42 минути.
Доколку имате интересни фотографии од Сината Месечина над Македонија, можете да ни ги испратите на е-маил или на фан страната.