Недостатокот на сон доведува до дебелеење

Лошиот сон не само што ќе ве направи раздразливи, туку може и да доведе до  зголемување на вашата тежина.

Во неодамнешното видео на „YouTube“ каналот „BrainCraft“, водителката Венеса Хил објаснува дека недоволниот или лошиот сон го спречува телото правилно да го продуцира хормонот на стрес – кортизол. А кога нивото на стрес е зголемено, во цревата има помалку разновидни микроорганизми што остава простор лошите бактерии да надвладеат. Циклусите на будност и сон се испреплетуваат со стомачната микробиома и лошиот сон може да има негативен ефект и врз метаболизмот.

„Нарушувањето на внатрешниот часовник во вашето тело доведува до зголемување на желбата за нездрава храна, а нездравата храна го пореметува и вашиот апетит“- вели Хил.

Во едно истражување со глувци, каде тие биле хранети со мрсна храна, било забележано промена во активноста на нивните црева и тие јаделе почесто, додека глувците кои биле хранети со храна богата со влакна и помалку маснотии, останале слаби. Други истражувања покажале дека бактериите во цревата се одговорни за тоа колку калории ќе согорите додека спиете, што е дополнителен мотив – како што вели Хил – „да ги одржувате овие бактерии среќни“.

Да, ова е „динамична врска“, но Хил вели дека е важно да се разбере дека, како прво, ваква врска постои и како второ, може да влијаете на ваквата поврзаност повеќе отколку што мислите.

Погледнете го видеото и дознајте повеќе како да ги одржите вашите црева (а и вашата половина) во добра форма.

Поддржете ја нашата работа: