Повеќе од 1 милијарда луѓе во светот имаат недостаток на овој витамин.
Според претходните истражувања, луѓето со недостаток на витамин Д имаат поголема верпојатност да бидат дебели. Според новото истражување, исто така имаат и поголема веројатност за дијабетес тип 2.
Резултатите од истражувањето, објавено во „Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism“, помагаат да се објасни врската помеѓу витаминот Д, дебелината и дијабетесот.
При истражувањето биле споредувани нивоата на витамин Д кај луѓе со широк опсег на тежина (од слаби до премногу дебели) додека истовремено бил земен предвид и дијабетесот. Витаминот Д бил директно поврзан со нивото на глукоза, но не и со индексот на телесна маса, што значи дека луѓето кои имаат недостаток на витамин Д имаат поголема веројатност за дијабетес, без разлика на нивната телесна тежина.
Луѓето би можеле да го намалат ризикот од дијабетес со одржување на здрава исхрана и активности на отворено, истакнуваат истражувачите.