Неколку интересни факти за анестезијата


1. Анестезијата предизвикува амнезија

Целосната анестезија ве релаксира, ја блокира болката и може да предизвика амнезија. Едно истражување од 20102 година, објавено во „Annals of Neurology“ открива дека инхалационите анестетици предизвикуваат промени во мозокот на возрасни глувци, слични како кај Алцхајмеровата болест. Тие се смртоносни за еден вид на клетки кои помагаат во контролата на учењето и меморијата. Истражувачите се’ уште не се свесни за долгорочните ефекти од анестезијата, но знаат дека се потребни неколку дена за да се опоравите по операцијата.

2. Постарите пациенти имаат 35% зголемен ризик за деменција

Според едно истражување од 2013 година, на постарите лица може да им бидат потребни до 6 месеци за да се вратат во нормала, по примањето на анестезија за време на операција. Тие може да доживеат мали промени во менталниот капацитет, што го зголемува ризикот од деменција за 35%.  Истражувачите сметаат дека ова може да се должи на тоа што анестезијата предизвикува воспаление на нервните ткива кои водат до постоперативна когнитивна дисфункција или предвесници на Ајцхајмер, како што се  β- амилоидните плаки.

3. Честото изложување на анестезија за време на детството може да доведе до невроразвојни проблеми

Едно истражување од 2012 година, објавено во „Pediatrics“ открива дека децата кои биле подложени на операција со анестезија пред 3-годишна возраст имале двојно поголема веројатност да имаат проблеми при учењето, вклучувајќи и долгорочни проблеми при расудувањето и јазикот, пред својата 10-годишна возраст. Но, не биле забележани разлики во одност на однесувањето, вниманието, визуелното следење и моторните функции. Ова укажува на тоа дека не се сите когнитивни домени погодени на ист начин.

4. Анестезијата всушност не ве успива

Анестезиолозите велат дека ќе заспиете, но всушност вие сте ставени во реверзибилна кома. Според едно истражување од 2010 година, објавено во „New England Journal of Medicine“, мозокот под целосна анестезија не се разликува од несвесната слаба мозочна активност која се забележува кај пациентите во кома, во споредба со лица кои само спијат. Овие состојби претставуваат региони во мозокот кои имаат заеднички механизми, како кортексот на надворешниот раб на мозокот и таламусот во центарот на мозокот, кои меѓусебно комуницираат  за да ја одредат активноста на мозокот кај пациентите под анестезија.

5. Може да се разбудите за време на операција

Според Американската асоцијација на анестезиолози, пациентите под анестезија, може да се разбудат за време на операција – состојба која е позната како „свесност за анестезијата“. Оваа ретка состојба се случува кога пациентите можат да се сетат на околината или настанот, како на пример на притисокот или болката. Но сепак, хирурзите користат уреди за следење на активноста на мозокот за да ја мерат свеста на пациентите и да го намалат ризикот од ова.

6. Некои луѓе имаат ретка алергиска реакција на анестетиците

Пациентите може да имаат потенцијално фатална алергиска реакција кога ја вдишуваат анестезијата, позната како малигна хипертермија, дури и ако претходно никогаш немале реакција на истата. Тоа е всушност наследна болест. Пациентите доживуваат тешки мускулни контракции, пораст на температурата, а кај некои се јавува и крварење, темно кафена урина и болка во мускулите, без очигледна причина.

7. На пушачите може да им биде потребна повисока доза на анестезија

На пушачите, како и на оние кои второстепено се изложени на чад од цигари, може да им биде потребна повисока доза на анестезија за време на операција. Едно неодамнешно истражување открива дека на женските пушачи им е потребно 38% повеќе анестезија отколку на непушачите, и 17% повеќе анестезија отколку на пасивните пушачи. Исто така, познато е дека чадот од цигарите штети на респираторната функција за време на анестезијата, што влијае на толеранцијата на лековите за болка.

Поддржете ја нашата работа: