Неколку необични факти за доматите

Во текот на летните месеци речиси и да не може да се замисли оброк без него. Доматот е овошје кое го сметаме за зелемчук, го има во различни форми и има широка примена во кулинарството.

1. До 17-ти век доматот се нарекувал љубовно јаболко, бидејќи се сметало дека има афродизијачка моќ.

2. Италијанскиот назив за домат е „pomodoro“ –што во буквална слисла значи „ златно јаболко“.

3. Во 18-тиот век широко било распротрането верувањето дека доматот е отровен, бидејќи доаѓа од истото семејство како и беладоната.

4. Во 1887 година Врховниот суд на САД  донел пресуда според која доматот се  декларира како зеленчук, иако ботанички е овошје. Причината за тоа била високата такса која државата ја наплатувала за зеленчукот.

5. Доматот е официјален зеленчук на американската држава Њу Џерси, а официјално овошје на државата Охајо.

6. „Знаење е да се знае дека доматот е овошје, а мудрост да не се стави во овошна салата“-рекол британскиот новинар и музичар Мајлс Кингтон.

7. Доматниот кечап е официјално дозволена храна на Меѓународната вселенска станица.

8. Во Велика Британија постои конференција за доматот, кој се одржува веќе 20 години.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt