Истражувањето на повеќе од 9.000 мажи со репродуктивни проблеми, спроведено од Медицинскиот Факултет на Универзитетот Стенфорд, открива поврзаност помеѓу бројот на различни недостатоци во спермата на мажот и веројатноста дека тој има и други здравствени проблеми, како на пр. хипертензија, проблеми со кожата и ендокрини пореметувања.
Резултатите, објавени на интернет во „Fertility and Sterility“, може да поттикнат подобар и сеопфатен пристап за лекување на неплодноста кај мажите. Тие, исто така, укажуваат на тоа колку е важно да се вршат целосни испитувања на мажите со репродуктивни проблеми.
“Околу 15 проценти од сите парови имаат проблеми со плодноста и во половина од случаите причините се одредени недостатоци во спермата”, вели водечкиот автор на студијата, д-р Мајкл Ајсенберг “. Неопходно е да се посвети повеќе внимание на проблемите со плодноста. Општото здравје и квалитетот на спермата се тесно поврзани.
Претходните истражувања покажале дека неплодните мажи имаат повисока стапка на смртност, како и смртност поврзана со проблеми со срцето, во годините по проценката на неплодноста. Сега, проблеми се забележуваат и кај млади мажи во своите триесетти години.
Анализа на медицинската евиденција
Во новото истражување, Ајсенберг и неговите колеги ги анализирале медицинските досиеја на 9387 мажи, главно помеѓу 30 и 50 години, кои биле прегледани на клиниките Стенфорд во периодот меѓу 1994 и 2011 година, за да се утврди причината за нивната неплодност. Нивната сперма е оценувана за неколку карактеристики вклучувајќи волумен, концентрација и подвижност. Во околу половина од сите машки случаи на неплодност, проблемот бил абнормалноста на семето,а во останатиот дел, вината лежела на друго место. Значи, со користењето на базата на податоци, истражувачите биле во можност да ја споредат целокупната здравствена состојба на мажите кои имале недостатоци на спермата со мажите кои немале.
Со средна возраст од 38 години, примерокот е прилично млади група на луѓе. Сепак, 44 проценти од сите мажи имале некои дополнителни здравствени проблеми и покрај проблемот со плодноста. Пронајдена била значителна врска помеѓу слабиот квалитет на спермата и специфични болести на циркулаторниот систем, особено хипертензија, васкуларни болести и болести на срцето. Постојат голем број на мажи кои имаат висок крвен притисок, па разбирањето на корелацијата има огромно значење.
Покрај тоа, како што се зголемувал бројот на различни видови на недостатоци во спермата на мажите, така растела и веројатноста да имаат кожна болест или ендокрини нарушувања.
Околу 15 проценти од сите гени во човечкиот геном се поврзани прилично директно со репродукцијата, и повеќето од овие гени, исто така, имаат различни функции во другите телесни системи. Постои можност третманот на одредени заболувања, кои навидум не се причина за неплодност, всушност да имаат огромно влијание врз квалитетот на спермата. Во моментов, се вршат истражувања за да се потврдат овие наоди.