Неверојатна снимка на 70 ајкули кои јадат кит

Оваа неверојатна снимка ни покажува десетици ајкули кои се гоштеваат со трупот на еден грбав кит – настан кој се случил минатата недела во близина на брегот на Западна Австралија.

Се работи за ајкули од видот (Galeocerdo cuvier) или ајкула-тигар која воедно е втората најопасна ајкула за луѓето, веднаш по Големата бела ајкула.

Туристичката компанија „Eco Abrolhos“ ја снимила оваа глетка во Заливот на ајкулите (Shark Bay), на околу 800 километри од Перт, со помош на „GoPro“ камера и дрон. На снимката се гледа како кристално чистата вода поцрвенува како што ајкулите го раскинуваат трупот.

Од компанијата проценија дека имало 70 ајкули, но не е јасно дали тие го убиле китот или тој веќе бил мртов од други причини.

Целиот настан се случил во непосредна близина на два туристички брода.

https://www.youtube.com/watch?v=JhmEtDm5anQ

 

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.