Во петокот (27 мај 2016 година), компанијата „Space X“ успешно ја слета ракета „Falcon 9“ за повеќекратна употреба на подвижна платформа во Атланскиот океан.
Ова претставува трето успешно слетување на платформа на море (од вкупно пет – претходно годинава имаше уште два неуспешни обида), а второ успешно слетување по лансирање во екстремно високата геостационарна орбита.
Се очекува ракетите за повеќекратна употреба во иднина значително да ја намалат цената на патувањата во вселената, а можеби и да овозможат некои нови и прилично возбудливи можности, како на пример можноста да се вратат астронаутите од Марс.
Компанијата објави снимка од слетувањето, снимена од камери поставени директно на ракетата, при што изгледа како да сте на неа. Погледнете!
Поддржете ја нашата работа: