(ВИДЕО) „Space X“ не успеа да ја призејми ракетата на подвижна платформа

СПОДЕЛИ

По минатонеделната најава дека компанијата „Space X“ ќе се обиде по втор пат успешно да лансира и да призејми дел од ракета, но овој пат на подвижна платформа поставена во Тихиот океан, компанијата штотуку објави не успеала во тоа.

 

 

 

 

 

 

Компанијата „Space X“ успеала успешно да ја лансира ракетата од воздухопловната база „Vandenberg“ во Калифорнија (чија цел беше едниот дел да го однесе сателитот за океански надгледувања на НАСА во вселената, а другиот дел да го призејми на платформата) но не успеала да го призејми нејзиниот дел на платформата.

Минатата година, компанијата се обиде да го изведе истото ова слетување дури два пати, но не успеа бидејќи првиот дел од ракетата експлодираше при слетувањето и во двата случаи. Потоа, во декември 2015 конечно постигна успех, кој доколку се повтореше и сега, ќе докажеше дека претходното успешно слетување не било на среќа. Сега, компанијата е повторно на самиот почеток, но ќе продолжи со ваквите обиди и во иднина бидејќи, како што истакнува Илон Маск, сопственикот и основачот на „Space X“, ваквите призејмувања се од особено значење за мисиите со големи брзини, како што се оние за пренесување на сателити.

Овојпат, најверојатно ракетата слетала со преголема брзина, па при призејмувањето се скршила некоја од нозете за слетување. Во исчекување сме на повеќе информации, следете не.

Дискусија

Коментари