„New Horizons“ се соочува со проблеми

Поради дефектот, леталото се префрли на резервен компјутер што предизвика 81-минутен прекин во радио комуникацијата.

„New Horizons“ е насочено кон Плутон и неговата месечина Харон од јануари 2006 година. На 14-ти јули треба да прелета покрај Плутон на оддалеченост од 12,500 км. бидејќи гравитацијата на Плутон е премногу слаба и би било потребно огромно количество на гориво за леталото да влезе во неговата орбита.

Научниците денеска изјавија дека ја откриле причината за дефектот и дека леталото е здраво и спремно да прима наредби.

Леталото постепено се враќа во нормала. Потребни се околу 5 часа за наредбите да стигнат до него бидејќи се наоѓа на оддалеченост од 5 милијарди км. од Земјата, и уште толку за научниците да добијат повратен одговор.

Од НАСА не уверуваат дека нема повторно да се случи дефект и дека овој нема да има никакво влијание на мисијата.  Леталото во моментов се наоѓа на 9,9 милиони км. од Плутон и патува со брзина поголема од 50 илјади км. на час. Откако ќе прелета покрај Плутон би требало да испраќа податоци на Земјата уште 16 месеци.

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt