Во 2013 година анализата на ОН предвиде дека нивото на морето ќе се зголеми помеѓу 0,3 и 0,9 метри до крајот на векот. Новото истражување покажува дека порастот на морското ниво, најверојатно, ќе биде повисоко од тие бројки , вели Стив Нерем, геофизичар од Универзитетот во Колорадо.
Нивото на морињата се зголемува побрзо отколку пред 50 години и веројатно ќе се влошува се повеќе.
Промените не се еднакви. Во некои области нивото на морето се издига повеќе од 25cм, а во другите региони, како што е западниот брег на САД, всушност, опаѓа , се вели во анализата на сателитските податоци од последниве 23 години.
Научниците веруваат дека океанските струи и природните циклуси привремено го неутрализираат порастот на нивото на морето во Пацификот и на западниот брег на САД би можело да се види значително зголемување на нивото во следните 20 години.
„Луѓето треба да разберат дека планетата не се менува , таа е веќе променета “, изјави научник од НАСА, Том Вагнер.
Постоечките податоци може да се користат за да се процени влијанието во следните 100 години.
Низинските региони, како што е Флорида, се особено ранливи. Дури и денес, вообичаената пролетна висока плима предизвикува поплави по улиците на Мајами, нешто што пред неколку децении не се случуваше.
Повеќе од 150 милиони луѓе, главно во Азија, живеат во рамките на метар на морето.
Најголемата неизвесност во прогнозирање на пораст на морското ниво е одредувањето на тоа колку брзо поларниот мраз ќе се стопи како реакција на високите температури.
Веќе се случуваат значајни промени со глечерите. Ќе бидат потребни векови за редуцирање на направената штета.
Научниците велат дека околу една третина од порастот на нивото на морињата и океаните се должи на проширувањето на топлите води, една третина на топењето на поларните ледени прекривки, а третата третина од топењето на планинските глечери.