Нов метод за утврдување на времето на смрт

Тимот од  Универзитетот во Салцбург, Австрија го мери распаѓањето на мускулните протеини кај мртвите свињи, односно времето.

Тоа е значаен чекор напред од сегашниот метод за мерење на телесната температура, кој функционира само до 36 часа по смртта.

Д-р Петер Стејнбахер , водечкиот истражувач на студијата, изјави за „BBC News“ дека има голем недостиг од сигурни методи за пресметување на времето на смртта по моментот кога телото ќе се излади на надворешната температура.

Во зависност од температурата, ова се обично околу 1-2 дена. Показателите се присутни одредено време – па ако знаете кои од овие показатели се присутни, тогаш знаете кога поединецот починал. Ние сме во потрага по нов начин да се процени времето на смртта и сфативме дека деградацијата на мускулните протеини се покажа како многу ветувачки метод“-вели тој.

Докази од витално значење

Тимот ги проучувал мускулните протеини на свињи, поради нивната сличност со човечките мускули.

Блоковите на протеините за градење на нашите мускули се многу големи испреплетени молекули кои, по смртта, се распаѓаат на помали парчиња.

За некои од протеините ова се случува во многу специфична временска рамка.

Тимот, исто така, анализирал  повеќе од 60 примероци на  човечко ткиво од  одделот за судска медицина на истиот универзитет. Првичните наоди покажале слични временски промени.

Сега се потребни повеќе примероци за да се дознае дали полот, телесната маса, температурата, влажноста и слично играат улога во временскиот тек на мускулниот дефект.

Тој и неговите колеги се надеваат дека во рок од три години, оваа техника може да помогне во собирањето на виталните форензички докази.

Д-р Стјуарт Хамилтон, форензички патолог од Универзитетот на Лестер вели дека истражувањето е интересно и дека секој метод кој помага да се стесни точното време на смрт е значаен.

Но, тој предупреди дека ќе биде потребно извесно време пред овој метод да биде одобрен за употреба.

Форензичката и правната заедница мора да бидат убедени дека не постојат други изненадувачки фактори, пред да почнат да се потпираат на ова во случаеви на убиства и судски пресуди.

Овој важен чекор е објавен на годишната конференција за експериментална биологија во Прага.

Поддржете ја нашата работа: