Нов начин за складирање на сончевата енергија навечер

Оваа иновација е напредок за системите кои ја користат сончевата светлина како извор на енергија, кои досега не можеа да ја користат таа енергија навечер или пак при облачни временски услови.

Научниците развиле фото-електрохемиска клетка од ванадиум која ја зачувува сончевата енергија дури и преку ноќ, и моментално работат на создавање на поголем прототип.

„Како што обновливата енергија се повеќе преовладува, способноста за складирање на сончева енергија и можноста да се искористи како обновлива алтернатива претставува решение за проблемот со недостатокот на енергија. Исто така, овозможува ефикасно искористување на неисцрпната енергија од сонцето“, велат научниците.

Истражувањето е објавено во „ ACS Catalysis“.

Поддржете ја нашата работа: