Нов поглед на Леденото Доба од 2030 година

Додека таа и нејзиниот тим сметаат дека за време на тој период на намалена сончева активност, времето ќе биде екстремно ладно, други научници не се согласуваат со тоа бидејќи, верувале или не, луѓето имаат поголемо влијание на климата на Земјата отколку Сонцето.

„Додека промените во сончевата активност имаат многу маргинален ефект на глобалното затоплување и/или ладење, човековиот придонес на јаглероден диоксид во атмосферата е многу поголем отколку влијанието на Сонцето“, вели американскиот астроном Фил Плејт.

Жаркова и нејзиниот тим сметаат дека температурите ќе се намалат, почнувајќи од 2030 година, бидејќи нивниот нов модел на соларниот циклус предвидува дека ќе има 60% намалување на магнетната енергија од Сонцето. Разгледувајќи ги шемите на магнетните бранови кои ги предвидува тој модел, тимот научници предвидува дека ќе има помалку соларни пеѓи во текот на наредните два циклуса – 25-тиот во 2022 година и 26-тиот циклус од 2030 до 2040 година. Ова укажува на намалена магнетна енергија за тоа време.

„Во 26-тиот циклус, двата брана ќе се отсликуваат еден со друг, како во огледало – во исто време, но во спротивните хемисфери на Сонцето“, изјави Жаркова за време на својата презентација на конференцијата. „Нивната интеракција ќе биде уништувачка, или ќе се поништат еден со друг. Сметаме дека ова ќе доведе до „Maunder Minimum“ – услови на Ледено Доба.

Проблемот со ова предвидување е тоа што намалувањето на магнетната активност на Сонцета ќе има само маргинален ефект на излезната топлина/светлина, вели Плејт. Тоа значи дека ќе има умерени локализирани ефекти, а не глобално ладење.

Допрва треба да се објават резултатите од Жаркова и нејзиниот тим, но дотогаш Плејт предупредува да не потпаѓаме под вакви тврдења и да не ни го одвлекуваат вниманието од она што навистина доаѓа, а тоа е глобалното затоплување. „Глобалното затоплување е реално и проблемите допрва доаѓаат“, вели тој.

Поддржете ја нашата работа: