Нов поглед на Сонцето

Научниците првично сакале да го искористат „NuSTAR“ за да го проучуваат Сонцето пред седум години, уште кога телескопот бил во изградба (телескопот се лансираше во вселената во 2012 година). Сега, „NuSTAR“ ќе им овозможи на научниците уникатен поглед, без ризикот од оштетување на своите детектори, како што бил случајот со другите телескопи, бидејќи Сонцето е премногу светло.

Првата соларна слика од „NuSTAR“ покажува дека телескопот всушност може да собере податоци за Сонцето, како и за високата температура над сончевите пеѓи, односно ладните темни дамки на Сонцето. Сликите во иднина ќе овозможат уште повеќе податоци како што Сонцето ќе се движи во неговиот циклус.

Само со помош на „NuSTAR“ би можеле да се фотографираат бледите одблесоци на Х- зраци, односно нано-одблесоците, за кои теоретичарите не се сигурни дека постојат. Нано-одблесоците се помала верзија на големите одблесоци кои еруптираат со наелектризирани честици и високо-енергетска радијација. Доколку навистина постојат, би можеле да објаснат зошто надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, е екстремно топла, што претставува мистерија за научниците. Во просек, короната е 1 милион степени Целзиусови, додека површината на Сонцето е релативно поладна и изнесува 6 илјади степени Целзиусови. Тоа е како пламен да излегува од коцка мраз. Нано-одблесоците во комбинација со големите одблесоци, може да се изворот на интензивната топлина.

Покрај тоа, телескопот би ја истражувал и црната материја, односно честичките на црната материја наречени аксиони, за кои научниците исто така не се сигурни дека постојат. Црната материја ја има пет пати повеќе во Универзумот од вообичаената и нејзиниот состав е се’ уште непознат.

Во меѓувреме, додека ги чекаме следните истражувања и слики на Сонцето, телескопот ја продолжува својата галактичка потрага по црни дупки и други екстремни објекти надвор од нашиот Сончев систем.

Повеќе информации на: http://www.nasa.gov/nustar

Поддржете ја нашата работа: