За да ја покаже својата посветеност кон истражувањата на кои им нема конкуренција, како и за да ги замолчи конкурентите, „Мајкрософт“ го создаде најтивкото место на светот, во нивното седиште во Редмонд Вашингтон, САД.
Компјутерската компанија создаде просторија, поточно лабораторија, која е изолирана од надворешните извори на бучава и специјално дизајнирана за целосно да ги апсорбира рефлексиите на звуците одвнатре.
Биле направени два теста од страна на независни специјалисти за звук и биле измерени -20,6 dBA и -20,1 dBA, со што „Мајкрософт“ успешно го надмина претходниот рекорд на лабораториите Орфилд во Минеаполис, Минесота (САД) од -13 dBA, кој беше постигнат во 2012 година.
„Мајкрософт“ ќе ја користи оваа просторија за аудио тестови, како и за тестирање на разни уреди. А сето ова е само уште еден доказ за напредокот на технологијата.