Крабите не се добри само по своето брзо и чудно чекорење по плажите и морското дно, многу нивни видови се исто така убави за гледање додека брзо се движат по дрвјата низ Америка, Африка и делови од Азија. Сега, научниците потврдуваат дека и Индија е вистински рај за живот на крабите.
Овој нов вид (и нов род) на дрвести краби Kani maranjandu, беше опишан во списанието Journal of Crustacean Biology. Откриен е во Керала, помеѓу шумите на Западен Гатс во јужна Индија, и е првата шумска краба која се качува по дрвја. Индија е богата со видови на краби, кои често живеат помеѓу дрвја, сепак ова е прва краба која живее само од водено дрво, додека останатите се потпираат на реки и езера.
Слатководната краба живее во малите водни тела кои се наоѓаат во вдлабнатините на дрвјата. Нејзините други одлики се речиси црната боја, вретеновидно тело и нозе како на пајак.
Видот е наречен според племето Кани во Керала, кое им помогнало на научниците да го спроведат истражувањето. Крабите се доста срамежливи, но еден претставник од ова племе им кажал на истражувачите дека можат да ги лоцираат барајќи остатоци и воздушни меури кои излегуваат од дупките на дрвјата.
Биолошката разновидност на Западен Гатс е многу добро организирана, велат истражувачите. Сепак, фактот дека овој вид до сега не е откриен, покажува колку малку науката знае за оваа важна област.