Милано е една од европските модни престолнини која се карактеризира со сивилото на неокласичните градби и сивото небо поради високата загаденост на воздухот.
Од овие причини со цел да се намали загадувањето, градските власти одлучиле да го разеленат градот со 3 милиони нови садници до 2030 година.
Се проценува дека според планираната програма на годишно ниво, новозасадените дрвја ќе можат да апсорбираат 5 милиони тони јаглерод диоксид со проширување на стебла за 30%. Оваа количина е еднаква на 4/5 од вкупната емисија на јаглерод диоксид во Милано.
Во текот на периодот од десет години, стеблата од воздухот би отстраниле околу 3.000 тони PM10 честички. Се очекува и последичен пад на температурите во градот за цели 2 степени Целзиусови.
Архитектот Стефано Боери, во 2014 година во срцето на Милано создал зелена оаза. Во рамките на неговиот проект „Вертикална шума’, над градот се издигнале две станбени кули обвиени во зеленило и дрвја распоредени по терасите на градбите.
Боери нагласил дека дури 7 отсто од територијата на Милано е пополнета со флора и изразува надеж дека овој процент ќе се искачи на помеѓу 17 и 20 отсто до 2030 година.
Проектот за озеленување на Милано претставува амбициозен план за претворање на нефункционалните железнички мрежи во 7 паркови со по 25.000 садници. Вклучува и збогатување на рамните покриви со вкупна површина од 10 милиони квадратни метри под зеленило, како и садење на дрвја во 2.300 училишните дворови.
Научниците сметаат дека новите зелени капацитети позитивно ќе се одразат врз временските услови во овој град. Ноќите во Милано се и до 6 степени Целзиусови потопли во споредба со местата во околината.
Според сознанијата од истражувања од 2015 година, најголем број случаи на предвремена смрт се случиле поради лошиот квалитет на воздухот во ЕУ, а забележани се токму во Италија, дури 84.000.
Во борбата против загадувањето Италијанците ќе добијат уште 3000 садници.