Нова батерија 10 пати помоќна од сегашните

Идејата за литиум-воздушна или литиум-кислородна батерија не е нова. На научниците веќе подолго време им е познато дека ваквите батерии можат да имаат 10 пати поголем полнеж од денешните литиум-јонски батерии. Замислете да не треба да го полните вашиот мобилен телефон цела недела!

Научниците од Кембриџ надминаа некои од практичните предизвици кои претходно го спречувале развојот на оваа технологија. Таа, тие ја создале оваа батерија која има поголем капацитет, подобра ефикасност и подобрена стабилност во споредба со претходните обиди. Стабилноста, која е од суштинско значење доколку овие батерии се користат кај автомобилите и паметните телефони, е постигната со помош на јаглеродна електрода направена од графен. Покрај тоа, научниците го смениле хемискиот микс од претходните верзии и успеале да ја спречат батеријата од значително деградирање со текот на времето.

Ова е значаен напредок за оваа технологија кој отвора многу нови области за истражување, бидејќи не се решени сите проблеми во однос на хемијата.

И сега лошите вести – оваа технологија е се’ уште многу далеку. На оваа батерија демонстрирана од научниците од Кембриџ се’ уште и е потребен чист кислород за да се полни и се’ уште постои ризик да експлодира поради дендритите (вретеновидни литиум метални влакна) кои се создаваат за време на процесот на полнење.

Со текот на времето, ќе се решат и овие проблеми, но за тоа ќе бидат потребни многу истражувања и експерименти.

Истражувањето е објавено во „Science“.

Поддржете ја нашата работа: