Нова соларна батерија подобра од конвенционалните

Не само што може да се натпреварува со конвенционалните литиум-јод батерии, туку таа всушност и ги надминува, прозведувајќи 20% повеќе енергија со помалку полнење.

Тие 20% доаѓаат директно од сонцето, кои се собираат во рамниот соларен панел на врвот на батеријата. Подолу, истражувачите имаат инсталирано нов тип на електролит кој наместо литиум-кобалт оксид или литиум железо фосфат, користи вода.

„Вистински важна иновација тука е дека ние успешно демонстриравме воден проток внатре во нашата сончева батерија”, вели тимот од Државниот универзитет во Охајо, во соопштението за печатот. Батеријата е целосно компатибилна со сегашната технологија, лесно се интегрира, еколошка е и лесна за употреба.

Тимот е истиот оној кој дебитираше со првата соларно воздушна батерија минатата година, а сега го подобрија дизајнот со измени во соларниот панел и со додавање на електролитот на водена база.

Соларните ќелии се исто така супер-ефикасни, познати како колор-сензибилизирани соларни ќелии. Тимот користи црвена боја наречена рутениум која ја претвора светлината во електрони. Според соопштението, овие електрони потоа се користат како додаток на волтажата.

Ова може да биде основа на една сосема нова класа на батерии, со или без соларни компоненти. Евтини се, со високи капацитети за производство на енергија. Тимот веќе ги замислува како идно решение за електричните автомобили.

Дизајнот во моментов чека одобрување. Резултатите од тестирањето се објавени во„Journal of the American Chemical Society“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt