Нова технологија што и не е така нова: ДРОН

Дронот бил направен како противтежа на германските воздухоплови „Цепелин“ и за време на Втората светска војна вршел и копнени напади. Бил направен од дрво и лим, но генерално леталото не било многу успешно бидејќи бучавата од неговиот мотор ја попречувала работата на радиото. Компанијата „Sopwith Aircraft“ се обидела исто така да направи дрон во 1916 година. Радио опремата била поставена на опашката на дронот, за да се избегнат пречките предизвикани од работата на моторот, но нивниот дрон никогаш не полетал бидејќи бил оштетен во несреќа што се случила на терен. Лоу, се обидел повторно да го полета својот дрон во 1917 година, во присуство на високи воени офицери. Бил лансиран од задниот дел на еден камион, летал некое време, но се урнал заради откажување на моторот и за малку ќе ги убиел присутните офицери.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt