Амбициозни планови: Кина следната година ќе испрати летало на Марс

Кина по успешната мисија на темната страна на Месечината планира следната година да испрати вселенско летало на Марс, чија задача ќе биде да истражи дали таму е возможно да се испрати човечки екипаж.

“Успешно завршената мисија на Месечината значи пресврт во истражувањето на Вселената од страна на кинеските експерти”, вели директорот на ЦНСА, Ву Јанху.

Имено, леталата “Jade Rabbit 2” и “Chang’e 4” се првите такви видови кои слетале на темната страна на Месечината, а со чија помош кинеските експерти ги добиле фотографиите, кои и натаму се истражуваат.

Интересно е и тоа дека “Chang’e 4” леталото го добило името по кинеската божица за која легендата вели дека живеела на Месечината илјада години.

Од Кинеската вселенска агенција – CNSA, велат дека сега планираат да ги пратат своите летала на Марс во почетокот на 2020-та година, за да дојдат до заклучок дека е можно да пратат човечка експедиција на оваа планета.

Првата вселенска мисија на Кина била завршена неуспешно во 2012-та година, кога леталото, кое носело сонда, се распаднала откако не успеала да влезе во Земјината орбита.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt