Нова технологија што и не е така нова: ЕЛЕКТРОНСКА ЦИГАРА

Заслугата за создавањето на е-цигарата му се припишува на кинескиот фармацевт Хон Лик, кој според неговите кажувања, ја направил откако сонувал дека се дави во облак од дим од цигари. Неговиот татко починал од рак на белите дробови кој го добил заради пушењето цигари, а и самиот тој бил страстен пушач и безуспешно се обидувал да престане.

Но, факт е дека Хон Лик не е првиот кој ја измислил е-цигарата. Многу порано, во 1963 година, Херберт Гилберт е првиот што направил уред преку кој можело да се вдишува воздух со вкус на тутун. Во оригиналната верзија на цигарата на Гилберт немало никаква форма на согорување и немало присуство на никотин. Подоцна тој дизајнирал прототип кој користел батерија за создавање на топлина, а користел и вода со различени вкусови за да создаде дим. Својот прототип го претставил на различни хемиски, фармацевтски и тутунски компании, но тие едноставно го одбиле неговиот прототип.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt