Нова технологија што и не е така нова: СТАП ЗА СЕЛФИ

Првото „селфи“ стапче е направено од Јапонецот Хироши Уеда во 1980-тите години. Хироши, кој бил фотограф и бил вработен во компанијата за фото апарати „Минолта“, го направил ова стапче затоа што тој и неговата сопруга не можеле сами да се фотографираат за време на своето патување во Европа (кога замолиле некое момче да ги слика, тоа побегнало заедно со камерата).

Така фрустриран, тој  измислил нешто што ќе му помогне сам да се фотографира и го нарекол „extender stick“, или продолжено стапче. На едниот крај од стапчето бил прикачен мал фотоапарат, а на предната страна се наоѓало мало огледало, за да можат корисниците да видат како би изгледале на фотографијата. Овој свој изум, тој го патентирал во 1983 година. Производот бил наменет за масовна продажба, но доживеал комерцијален неуспех. Квалитетот на фотографиите бил лош, а покрај тоа, некои истражувања покажуваат дека во тоа време жените се срамеле сами да се фотографираат (замислете!)

Стапчето за селфи било повторно „измислено“ од Вејн Фром во 2000 година, три години пред истекот на рокот на патентот на Хироши. Фром својот изум го нарекол „Quik pod“. Тој верува дека тој е иноватор на денешното стапче за селфи, па дури и тужел неколку производители. Кога го запрашале за селфи стапчето на Хироши, тој одговорил дека тоа било „пред нашето време“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt