Нова технологија за „читање“ на лица

Луѓето кои живеат во Источна Азија се потпираат на очите за да го проценат изразот на лицето на другите, а луѓето кои живеат во западните култури имаат тенденција да го користат целото лице во комуникацијата.

Ова се резултатите од истражувањето со користење на нова комјутерска технологија со слики што се изложени  на летната научна изложба на Кралското Друштво 2015 од страна на истражувачите од Институтот за неврологија и психологија на Универзитетот во Глазгов.

Тие ја создадоа оваа техника со цел  подобро да се разбере зошто луѓето формираат силни први впечатоци за атрактивноста, здравјето, веродостојноста и емоциите на другите само од гледање на нивните лица, и кои информации на лицето влијаат врз формирањето на впечатокот. На пример, факторите поврзани со здравјето, богатството и индустријализацијата се важни за крос-културните разлики во видот на лицата кои се сметаат за најмногу атрактивни. Овие наоди укажуваат на тоа дека културните разлики меѓу реакциите на фацијалната експресија се систематски и не се само произволни.

Д-р Лиза ДеБрун, од Универзитетот во Глазгов, вели: „Дарвин бил во право кога тврдел дека не постои универзален стандард за убавина. Нашата работа покажува дека луѓето во различни делови на светот се привлечени од различни видови на лица. Но, нашата работа, исто така, покажува дека е можно да се проучуваат и, до одреден степен, да се предвидат и да се разберат овие разлики.

Изложбата „Фактите од лицето”, исто така, покажала дека 3D системот за фацијални експресии од димензионални слики (DI4D ™), им овозможува на истражувачите да идентификуваат специфични комбинации на движењата на лицето поврзани со различни емоции, карактерни црти и ментални состојби. Овој нов метод е наречен „генеративна граматика на лице“.

За подетални информации за истражувањето и демонстрација на технологијата кликнете на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: