Но, излегува дека кучињата не се во состојба да почувствуваат вина или срам, откако ќе направат нешто лошо.
И покрај тоа што многумина од нас ќе помислат дека ова е израз на вина или срам, тоа сепак е само „одговор на тоа што бил укорен од сопственикот“- според истражувањето од Универзитетот во Кембриџ.
Еден од истражувачите за „The Telegraph“ вели: „Имав клиент кој имаше три кучиња и кога нешто ќе се случеше, како на пример изгризан чевел, секогаш само едно од кучињата имаше виновен израз. Сепак, најчесто тоа куче немаше ништо направено. Едноставно тоа куче беше најплашливо“.
Според Стенли Корен, психолог, познат по тоа што го истражува однесувањето на кучињата, емоциите кај кучињата се развиваат слично како и емоциите кај човекот (видео).
Во написот за магазинот „Modern Dog“, Корен вели дека исто како и бебињата, и кучињата се раѓаат со способноста да чувствуваат возбуда. Како што стареат, кучињата, како и луѓето, развиваат емоции на вознемиреност, страв и радост. Но, кај кучињата емоционалниот развој завршува на возраст од околу шест месеци, додека кај луѓето продолжува.
Кај децата, чувствувото на вина не почнува да се развива до околу третата година, според психологот Ерик Ериксон, творецот на теоријата за психосоцијалниот развој во 1959 година.
Па затоа, кога следниот пат ќе го искарате вашето куче, знајте дека тоа реагира само на вашиот глас. Срам воопшто нема.