Нова теорија за потеклото на животот на Земјата

Новото истражување предводено од страна на хемичари од The Scripps Research Institute (TSRI) во Калифорнија, и објавено во списанието Nature Communications, дава една нова теорија за постоењето на животот на Земјата уште пред 4 милијарди години, при што овозможиле хемиски реакции нужни за одржување на повисоките форми на живот.

“Ова беше црна кутија за нас, но ако се фокусирате на хемијата, прашањата за потеклото на животот стануваат се помалку обесхрабрувачки”, вели Раманарајанан Кришнамурти, хемичар во Институтот Скрипс и лидер на новата студија, во соопштението.

Сето тоа се сведува на циклусот на лимонска киселина – метаболичен процес кој е присутен во сите организми кои вдишуваат кислород на Земјата. Циклусот на лимонска киселина (исто така познат како циклус Кребс или циклусот на трикарбоксилна киселина) е примарен начин на кој овие организми ја ослободуваат складираната енергија.

Сепак, долго време се мислеше дека циклусот на лимонска киселина не можел да постои во првите организми на Земјата – едноставно затоа што во тоа време не постоеле специфични состојки за тоа. Пред се, слободниот кислород не се појавил на Земјата по најраните проценки, пред 3,5 милијарди години.

Истражувачкиот тим смета дека можеби сме згрешиле со претпоставките, дека циклусот на лимонската киселина тогаш бил невозможен. Во низата на експерименти кои ги направиле, тие опишуваат дека два други небиолошки хемиски процеси, ХКГ и малтониот циклус, можеле да покренат поедноставна верзија на циклусот на лимонската киселина. ХКГ циклусот и малтониот циклус можат да се комбинираат при што даваат ист краен производ како лимонската киселина – аминокиселини и јаглерод диоксид.

Тимот верува дека кога биолошките молекули, како на пример ензимите почнале да ја поддржуваат работата на организмот, организмите можеле да почнат со заменување на небиолошки елементи за биолошки, со цел да се придонесе за поефикасен метаболитички циклус – циклусот на лимонската киселина.

Ова значи дека хемијата за циклусот на лимонската киселина била установена многу поодамна пред да стигнеме да ја измислиме. Наместо создавање на циклус на лимонска киселина од почеток, животот можел да еволуира и да замени некои небиолошки елементи со биолошки, со цел да се создаде помоќен начин за собирање на енергија.

Се чини дека ова истражување е илустрација на фактот дека раниот живот на Земјата е многу покомплексен отколку што мислиме.

 

Поддржете ја нашата работа: