Новата играчка која ќе ги учи децата да програмираат

Производителите на играчки добро знаат да држат чекор со промените во афинитетот на клиентите и напредокот на технологијата. Лего, повеќе пати ги зголеми своите приходи, така што во своите понуди воведе ликови како Бетмен или Дарт Вадер, додека Хасбро“ отиде чекор понапред; покрај стандардната палета на Марвел хероите и други, нуди играчка која ги поттикнува децата да учат да програмираат.

Итето на играчката е Proto Max, и е новитет во веќе постоечката линија на производи FurReal Friends. Станува збор за робот во облик на куче, наменето за деца постари од шест години.

Proto-maxПрограмирањето е всушност секундарна особина на Proto Max. Имено децата додека си играат со оваа играчка можат да симулираат некоја од вкупно десетте точки на роботот, чувствителни на допир, како што се устата, опашката, и ушите. Неговата реакција може да се бира помеѓу три однапред дефинирани расположенија, а кога на детето играчката ќе му здосади, на сцената настапува запознавање со неколку линии на едноставен код.

Прилагодувањето на однесувањето на Proto Max работи со помош на апликација наменета за iOS или Андроид, а потоа со таблет или паметен телефон. Користењето е прилагодено според возраста на детето, и доколку сака нешто покомплексно од својот нов миленик, низ игра ќе ги научи основите на програмирањето.

Хасбро најави дека цената на оваа играчка ќе изнесува 120 долари на Американскиот пазар. Колку ќе чини во Европа, и дали воопшто ќе биде достапна, останува да видиме.

Поддржете ја нашата работа: