Нови автомобилски тркала какви што сте виделе само во цртаните филмови

Иноваторот Вилијам Лидиард креирал тркала кои можат до го движат неговото возило и напред и странично, пренесува „Gizmodo“. Со нив паралелното паркирање се изведува речиси без напор.

Погледнете како изгледа тоа во видеото подолу.

Тркалата ја движат малата „Тојота Ехо“ на патеката напред, назад, лево, десно и во круг. Возилото се движи напред и назад на вообичаен начин, а лево-десно кога гумите на тркалата ротираат навнатре и нанадвор.

Според еден напис што беше објавен во март, во кој беа претставени овие тркала – пред да се појави видеото, ваков тип на тркала (што се движат во сите насоки) постојат веќе извесно време. Но, Лидиард вели дека неговите тркала можат да функционираат на секаков вид патишта и имаат подобар дизајн.

Поддржете ја нашата работа: