Нови слики од мистериозните светли точки на Церера

Светлите точки ги збунија научниците уште во 2004 година, кога беа забележани за прв пат. Никој не знае што се или од каде потекнуваат.

„Овие мистериозни светли точки ја прават Церера уникатна. Ова е различно од се што досега сме виделе во Сончевиот систем“, вели Крис Расел, главниот истражувач на мисијата „Зора“ (Dawn). „Водечки кандидат во мојот ум е дека се работи за одблесок од мраз, но мојот тим продолжува да разгледува алтернативни можности, како на пример – сол. Со нови снимки од различен агол, наскоро ќе можеме подобро да ја утврдиме природата на овој енигматичен феномен“.

Сликите се направени од вселенското летало „Зора“ на 6-ти јуни, на оддалеченост од околу 4 илјади км. од површината на Церера. „Зора“, во март минатата година стана првото вселенско летало кое посетува џуџеста планета. Во август, оваа година, треба да се доближи на 1,5 км. до површината. Научниците се надеваат дека тогаш конечно ќе ги објаснат мистериозните точки.

Бонус : Видео

Поддржете ја нашата работа: