Научниците го откриле најоддалечениот објект во Сончевиот систем

Група од астрономи со помош на јапонскиот телескоп „Субару“ на Хаваите на 10 ноември, предводена од страна на астрономот Скот Шепард од Карнеги институтот за наука, успеале да го пронајдат најоддалечениот објект во Сончевиот систем. Официјално наречен “2018 VG18”, објектот го добил името Фараут, поради рекордната оддалеченост од Сонцето.

“Фараут” се наоѓа на оддалеченост од 120 астрономски единици, а една астрономска единица претставува мера од приближна средна далечина на Земјата од Сонцето.

Ова значи дека “Фараут” од Сонцето вкупно е оддалечен 120 пати 149,6 милиони километри, што е речиси 18 милијарди километри.

Мистериозниот објект, за кој многу малку се знае, е оддалечен околу 24 астрономски единици од другиот најоддалечен објект во Сончевиот систем – Ериде, најголемата позната џуџеста планета во Сончевиот систем, која е 96 астрономски единици оддалечена од Земјата.

За споредба, најдалечната џуџеста планета што орбитира околу Земјата – Плутон, од Сонцето е дистанцирана за 34 астрономски единици.

“Сè што знаеме досега е дека “2018 VG18 ” се наоѓа на екстремно растојание од Сонцето, знаеме колкав е неговиот дијаметар и ја знаеме неговата боја”, вели астрономот Дејвид Толен од Хавајскиот Универзитет.

“Од 2018 VG18 е толку оддалечен, овој објект е многу бавно орбитира, поради што му е потребно повеќе од 1.000 години да направи круг околу Сонцето”, додава тој.

Толен и неговиот тим велат дека објектот е со светла розова боја, со дијаметар околу 500 километри и има облик на сфера, налик на Плутон.

Ова откритие не е случајно, туку астрономите го пребарувале универзумот во потрага по такви објекти. Ја барале планетата х, за која се претпоставува дека се наоѓа во надворешниот дел од Сончевиот систем и со својата гравитација привлекува други објекти.

Поддржете ја нашата работа: