Нови слики од Плутон

Сондата „Нови Хоризонти“ прелета над Плутон во јули и собра многу податоци за планетата, за кои ќе биде потребна една година за да се испратат на Земјата.

 

Најновите слики покажуваат високо сложени површински карактеристики, вклучувајќи планини, длабоки мрежи на долини, замрзнати протоци на азот, а можно е и ветерни дини. Откривањето на овие дини го зголеми интересот на научниците, бидејќи доколку навистина се дини, тогаш атмосферата би морало да е погуста за ветерот да може да ги создаде. Веројатно, следните податоци и слики ќе го покажат тоа. А допрва следуват преостанатите 95% од податоците, кои воедно се и со највисока резолуција. Наскоро ќе бидат објавени и слики од месечините на Плутон – Харон, Никс и Хидра.


ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt