Новата џуџеста планета, наречена Гоблин е забележана како патува околу Сонцето од другата страна на Плутон. Нејзината издолжена орбита укажува дека таму постои огромната, долго барана „Планета Икс“, која исто така може да патува низ надворешниот простор на Сончевиот систем.
Оваа нова џуџеста планета, официјално наречена 2015 TG387, најверојатно е топка од мраз и е со размер од околу 300 километри што ја става на самиот минимум на скалата за квалификација за планета џуџе. Планетата за прв пат е забележана од страна на тим астрономи од Хаваи во октомври 2015 година.
Поради својата издолжена орбита, Гоблин понекогаш е за 2300 пати оддалечена од Сонцето отколку Земјата. Џуџестата планета се движи толку споро што се потребни години набљудување за да се одреди нејзината орбита.
Distant dwarf planet called ‘The Goblin’ could point to Planet X https://t.co/iYWBmkKsPL pic.twitter.com/m6l5s9rEZH
— New Scientist (@newscientist) October 2, 2018
Откриена е на околу 80 астрономски единици (AU) од Сонцено, а оваа единица мерка е дефинирана како растојанието помеѓу планетата Земја и Сонцето.