Дел од научниците сакаат Плутон повторно да биде планета

СПОДЕЛИ

Поминаа 12 години откако малиот Плутон официјално престана да биде планета. И од тогаш па досега траеше дебатата дали тоа беше правилна одлука.

Сега, една група од научници тврдат дека причината поради која Плутон е деградиран не е валидна и бараат да му се врати статусот – пишува Science Alert.

Плутон официјално престана да биде планета со одлуката на Меѓународната астрономска унија (IAU) во август 2006 година, откако таа глобална група на астрономски експерти го додаде и третиот критериум за дефиниција на планетите.

Според тој критериум, планета е небесно тело кое се врти околу Сонцето, има доволна маса за неговата сила да ја совлада кохезијата на цврсто тело и да го задржи во хидростатска рамнотежа во сферичен облик.

Тоа значи дека објектот мора да биде доминантно тело на својот орбитален пат со доволно сила да привлече или “избрка” било каква вселенска карпа во своја близина.

Плутон задоволува само два критериуми, но не и третиот бидејќи својата орбита ја дели со многу небесни тела на Кајперовиот појас.

Група научници сега тврдат дека третиот критериум нема потпора во научната литература. Читајќи ги публикациите, објавени во последните 200 години, пронашле само една, од 1802 година, која се користи со чистење на орбитата како критериум за класификација на планетите.

“IAU нам ни вели дека темелниот објект на оваа наука за планетите би требало да биде дефиниран врз основа на концептот со кој во своите истражувања не се користи никој”, вели главниот автор на студијата Filip Mecger од Универзитетот во Флорида.

“Дефиницијата на IAU е нецелосна. Таа не појаснува што точно значи да се исчисти орбитата.” Ако го разбирате ова буквално, тогаш нема планети, бидејќи никоја не ја расчистува орбитата”, објаснува Mecger.

Тој додава и дека IAU во 2006 година направил промена, тврдејќи дека “чистењето на орбитата” е стандардна дефиниција која се користи за разликување на планетите од астероидите.

“Ние докажавме дека тоа е погрешно тврдење кое не постои во историјата на науката, па затоа е и погрешно да се применува на Плутон” вели ко-авторот на студијата Кирби Руњон, од лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Наместо тоа, тие препорачуваат планетите едноставно да се класифицираат на основа на тоа дали се доволно големи за гравитацијата да им овозможува сферичен облик.

“Тоа не е некоја произволна дефиниција. Тоа е важна пресвртница во еволуцијата на планетарните тела, бидејќи кога тоа го прави, ја промовира геолошката активност во неговото тело”, вели Меџер.

“На пример, Плутон има потповршински океан, повеќеслојна атмосфера, органски состојки и докази за постоење на древни езера. Исто така Плутон е и подинамичен и пожив од Марс, а единствена планета со посложена геологија е Земјата” – нагласува тој.

Астрофизичарот и колумнист на Forbes, Итан Сигел, минатата година напиша дека проблемот е поголем од прашањата за тоа дали Плутон ја чисти или не својата орбита, туку дали воопшто се наоѓа во Сончевиот систем.

“Кога е во прашање планетарниот статус, геофизиката не е доволна. Во астрономијата се применуваат и три правила на пазарот за недвижнини: локација, локација, локација. Доколку сме искрени за својот Сончев систем и планетите во него, тогаш е доста јасно дека постојат осум објекти кои се различни од сите останати”.
– стои во неговата статија.

Ова истражување првично е објавено во списанието Icarus.

 

 

Дискусија

Коментари