4 пати помал, 3 пати посветол – полначот на „Zolt“ е долг само 7,5 см и 3,3 см во дијаметар. Со супер тенок кабел, има реални шанси да го заземе првото место, меѓу останатите полначи до 70 вати. Тој има осмоаголна форма, за да не се тркала од местото каде што ќе го оставите. Друга интересна карактеристика на адаптерот е дека може да ротира до 90 степени.
Има 3 „usb“ порти, што овозможува полнење на повеќе уреди одеднаш. Покрај тоа, на задната страна има вграден „LED“ индикатор кој ви овозможува лесно да го најдете во мракот.
Како „Zolt“ успеа да направи помал адаптер од „Apple“? Извршниот директор, Динеш Раманатан сподели 37 шеми, плус специјален полу-спроводник, што ja зголемува ефикасноста.
Адаптерот нема јачина да ги наполни големите 85 ватни лаптопи, но е одличен за помали модели на „Аcer“, „Asus“, „Compaq“, „Dell“, „Gateway“, „HP“, „IBM / Lenovo“, „MSI“, „Samsung“ и „Toshiba“.
Ако ви се допаѓа – можете предвреме да го порачате во виолетова, портокалова или црна верзија за 80 долари (68 евра). Кога официјално ќе се појави, подоцна оваа година, неговата цена ќе биде 100 долари (85 евра).