Како треба да ги полните телефоните – Што вели науката?

Многумина од нас се убедени дека ако паметните телефони се полнат кратко време, тоа ќе предизвика долгорочно оштетување на батеријата и дека е подобро тие да се полнат кога батеријата е потполно празна.

Ова воопшто не е точно.

Всушност, според веб страната „Battery University“ на компанијата за батерии „Cadex“ , литиум-јонските батерии во паметните телефони се чувствителни на еден вид сопствен  „стрес“ и исто како и кај луѓето пролонгираниот стрес може да го намали животниот век на батеријата.

Ако сакате да ја задржите батеријата од вашиот паметен телефон во одлична форма и да не се грижите дека ќе се испразни во текот на денот, треба да направите неколку работи.

Не оставајте го полначот вклучен, откако батеријата е целосно полна

Според „Battery University“ оставањето на полначот вклучен откако батеријата ќе се наполни – како на пример преку цела ноќ, ја оштетува батеријата на долг рок.

Кога батеријата е 100% полна, ако е приклучен полначот тој испраќа „дополнтелни полнења“ за да ја држи батеријата полна. Тоа ја држи батеријата во состојба на висок напон со што се оштетуваат хемикалиите во неа. Како што пишува „Battery University“, „кога батеријата е полна исклучете го полначот. Ова е исто како релаксирање на мускулите после интензивно вежбање“. И вие би се чувствувале исцрпено ако треба да вежбате  со часови.

Обидете се да не ја полните батеријата 100% – или барем кога не морате

Според „Battery University“, не е потребно литиум-јонските батерии да бидат целосно полни, ниту пак е тоа пожелно. Подобро е батеријата да не биде целосно полна, бидејќи високата волтажа ја оптеретува батеријата и го скратува нејзинот животен век.

Полнете го телефонот секогаш кога сте во можност

Според „Battery University“, најдобро е батеријата да се полни кога ќе се испразни 10%. Бидејќи ова не практично за повеќето луѓе, затоа полнете го телефонот секогаш кога сте во можност. Во ред е да го полните телефонот и по неколку пати дневно.

Ова ќе придонесе батеријата да функционира оптимално, подолго време, а и вашиот телефон ќе биде целосно полн во текот на целиот ден.

Покрај тоа, периодичното полнење ќе овозможи во секое време да може да ги користите опциите што брзо ја трошат батеријата, како што ГПС.

Одржувајте го телефонот ладен

Батериите во паметните телефони се многу осетливи на топлина, така што дури и „Apple“ сугерира да извадите некои од обвивките (маските) од  вашиот  „iPhone“ кога го полните. Ако сте надвор, на сонце, покријте го вашиот телефон. Со тоа ќе ја заштитите батеријата за да трае подолго.

Поддржете ја нашата работа: