Новиот „невидлив телевизор“ на Панасоник

Претходно годинава, јапонскиот технолошки гигант Панасоник го претстави својот футуристички телевизор, направен од траспарентно стакло, кој  „исчезнува“ кога ќе се исклучи и изгледа како обична стаклена плоча.

И веќе мината недела на годишната Изложба на комбинирана напредна технологија (CEATEC) во Јапонија, Панасоник покажа усовршена верзија на невидливиот телевизор.

Претходниот LED екран е надграден со нов OLED дисплеј што овозможува појасна и поостра слика, дури и кога има осветлување од задната страна. Освен ова, помеѓу двете верзии нема некоја поголема разлика. Кога ќе се изгасне, телевизорот речиси и да не се разликува од обична проѕирна стаклена плоча.

tv2016-10-03-15-35-16hifile1400-1

panasonic-transparent-ces2016

За да покаже колку ова изгледа импресивно, компанијата го вградила телевизорот како преден дел од една комода. Понасоник не открива детали кога може да се очекува новиот  телевизор, освен дека ќе биде во фаза на развој барем уште три години.

Поддржете ја нашата работа: